| |

Солунската гимназија продолжува да биде симбол на знаењето и самодовербата на македонските Бугари

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ги поздрави учениците и наставниците од Националната хуманитарна гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Благоевград (поранешната Солунска гимназија) по повод 145-годишнината од нејзиното основање. Радев, исто така, ги поздрави граѓаните на Благоевград по повод 24 мај, кој е празник на градот, пренесе репортер на БГНЕС.

„Возбудливо е да застанеш пред зградата на Националната хуманитарна гимназија. Вистински храм на знаењето и бугарштината, со неспорно значење не само за Благоевград, туку и за цела Бугарија“, рече Радев во дворот на гимназијата.

„Создадена уште пред 145 години како најсветол бран на знаењето и националната самодоверба на македонските Бугари, некогашната Солунска гимназија одгледа генерации на просветени и родољубиви државници, јавни дејци, борци за нашето национално обединување, интелектуалци и творци. Всушност, благодарение на своjoт здрав корен, таа преживеала не една историска бура, и ми е мило што и денес ја продолжува својата важна историска мисија. Го гледаме тоа денес во озарените очи на матурантите, го гледаме и на гордите лица на раководството и наставниците на гимназијата, кои денес ги испраќаат своите матуранти – поуверени, поспособни и поокрилени по патеките на животот“, изјави претседателот.

Тој ги поздрави претставниците на различни генерации од 1950 година па наваму, кои дојдоа да го одбележат празникот на своето училиште. „Без континуитет, нашата нација не може да оди напред, и тоа е основна историска вистина“, рече државниот водач.

Радев се обрати кон матурантите од поранешната Солунска гимназија, им посака да одат одлучно напред и да се трудат да ја направат Бугарија подобро место за живеење.

„Матурите поминаа, но вашите вистински животни испити уште предстојат. Испитите на храброст, достоинство и човечност. Одете одлучно напред, но не заборавајте го времето во вашето омилено училиште и советите на вашите наставници. Знајте дека вистинскиот успех не се мери преку очите на другите, туку преку вашите сопствени срца. Љубете ја Бугарија и не штедете ги силите за таа да биде уште подобро место за живеење“, додаде претседателот.

Прославата продолжи со полагање на венци пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа пред зградата на училиштето. Од таму, стотици граѓани и гости на Благоевград тргнаа кон централниот дел на градот, под звуците на „Върви народе възродени“. Поворката помина низ плоштадот „Македонија“, каде се издига споменикот на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев, и заврши на плоштадот „Георги Измирлиев Македончето“ (еден од апостолите на Априлското востание, роден во Благоевград).

Градоначалникот на општина Благоевград, Методи Бајкушев, ги поздрави своите сограѓани по повод двојниот празник и изјави:

„24 мај е празникот на кој го одбележуваме едно големо дело, во кое главни учесници се Кирил и Методиј, но тоа дело е колективно. Како по Божја промисла во IX век се собрале некои големи личности на едно место и во исто време, за да свршат една голема работа. Делото на светите браќа, прегрнато од светиот Цар Борис и нивните ученици – Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј – далеку го надминува едно навистина големо научно дело за создавање писменост. Делото на сите овие големи луѓе ја нацрта националната кауза на Бугарија. Националната кауза на Бугарија се состои од 3 основни дела – нашата вера, стремежот кон просветување и убеденоста на Бугарите дека треба да бидат еднакви со сите други европски народи“.

Градоначалникот се обрати кон собраните деца со зборовите: „Верувајте во себе. Бугарија секогаш раѓала прекрасни таленти. Чуден е талентот на нашиот народ и вие сите го носите, мили деца. Оттука натаму, судбините на Бугарија остануваат во вашите раце, а во вашите раце, тие ќе бидат на сигурно место, ако се потпрете на знаењето, ако се потпрете на трудолюбието, ако се трудите да бидете подобра верзија на себеси секој изминат ден“.

За крај, Бајкушев потсети на зборовите на големиот Стојан Михајловски: „Уривањето е дело општо достапно, а созидањето е привилегија за малкумина“.

По говорот на градоначалникот, зборот повторно му беше даден на Румен Радев.

„24 мај е вистински празник на бугарскиот дух, кој радува млади и стари. Торжество на нетленото дело на светите браќа, нивните ученици и следбеници. Не е случајно што ваков прекрасен бугарски крај со богато минато, културен и образовен центар како Благоевград го избра токму денешниот ден за свој празник. Со почит кон традициите, Пиринскиот крај останува верен следбеник на идеалите на нашите предци, столб на нашето родољубие и национална меморија“, рече претседателот на Бугарија.

Слични Објави