ПИЈАНО-РЕЦИТАЛИ НА АРДА МУСТАФАОГЛУ ВО ПРИЛЕП И ВО СТРУМИЦА
Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска (26 октомври), со почеток во 19:00 часот, пијанистот Арда Мустафаоглу ќе се претстави пред прилепската публика…
На програмата ќе бидат композиции од Скарлати, Равел, Шуман и Прокофјев. Со истиот репертоар, Арда ќе настапи и во вторник (30 октомври) во 19:00 часот во Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица. Оваа година младиот пијанист одржа голем број рецитали и настапи во Германија, Турција, Грција, Франција, Бугарија и во Србија, а има освоено и низа награди во Европа, како и на интернетски пијано-натпревари.
Пијано-рециталите во Прилеп и во Струмица се проекти поддржани од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

