ГЕРМАНИЈА ОДОБРИ ТЕСТИРАЊЕ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС НА ЛУЃЕ
Одобрен е клинички тест на вакцина против „ковид-19“ во Германија, соопшти Федералниот институт за вакцини во таа земја.
Тоа значи дека 200 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 55 години ќе добијат неколку варијанти на вакцина, бидејќи научниците ја испитуваат ефикасноста на обезбедување имунитет против вирусот, пишува „Индипендент“.
Во тек е трка за да се развие вакцина која ќе помогне во борбата против ширењето на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 177.000 луѓе и се заразени 2,5 милиони, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“.
Светската здравствена организација (СЗО) вели дека најмалку 20 различни вакцини против „ковид-19“ во моментов се во фаза на развој, вклучително и неколку во фаза на клиничко испитување.
Извор: Макфакс
