Османи: Објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог на Француското претседателство

//

Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи. Ова преку објава на Facebook го соопшти министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи.

„Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран. Како што беше ветено, почнуваме процес на широку консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста“, пишува Османи.





Претходна статија

Пендаровски: Модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот

Следна статија

Османи: Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на Француското претседателство

Најново од Вести