(Видео) Д-р Врабевски: За мене е важно инвестицијата во децата од двете страни на границата да биде успешна, за тие да бидат среќни и за да го направат светот подобар
Мојата задача е да бидам активен како филантроп. Јас не правам зделки со никого. За мене е важно инвестицијата во децата да биде успешна, тие да се среќни и од двете страни на границата да видиме едни насмеани млади луѓе, кои ќе не наследат еден ден и ќе го направат светот подобар. Со овие зборови д-р Милен Врабевски прв човек на фондацијата „Бугарска памет“ во етерот на бугарското радио Дарик, ги објасни своите активности околу проектот „Од двете страни на границата“ посветен на односите меѓу Бугарија и РС Македонија.
Д-р Врабевски се вклучи во добротворниот аукцион на радиото, кој веќе традиционално собира средства за Фондот за терапии за деца со аутизам и за Фондацијата „Нашите недоносени деца“.
Врабевски повторно истакна дека иницијативата „Од двете страни на границата “ нема за цел да ги задолжува децата што се дел од проектот да се чувствуваат по различен начин.
„Ние ги исполнуваме нивните желби. Ако тие сакаат да имат блиски контакти со Бугарија или пак да го споделат своето мислење за нашите односи, нека го направат тоа“, изјави Врабевски и додаде „Тие направија изложба во бугарскиот парламент. Тие го кажаа своето мислење, а имено дека треба да сме заедно, да си помагаме, да си подадеме рака, тоа е мислењето на децата “.
Д-р Врабевски истакна дека таква е и идејата со бугарските клубови во РС Македонија, за кои подвлече дека не се негова иницијатива, туку на луѓе од земјата, а тој само ги помага финансиски.
„Тоа треба да им стане јасно на сите. Тоа не се мои лични иницијативи, јас ја исполнувам желбата на луѓето што живеат таму. Тие сакаат да имат клубови, децата да цртаат заедно и да бидат во постојан контакт“, истакна Врабевски.
Во своето гостување во Дарик радио познатиот бугарски бизнесмен се осврна и на неговите активности во сферата на образованието. Таму главната ролја ја има неговата сопруга д-р Росица Врабевска. Тој соопшти дека неговиот образовен центар се проширува и го најави прикажувањето на документарниот филм „Дворци од ветар“, посветен на работата на неговиот со децата со специјални образовни потреби. Филмот ќе се емитува на Бугарската национална телевизија на 17 декември.
„Го направивме филмот за да го покажеме нашиот модел на работа, да најдеме истомисленици, а зошто да не и државата да се замисли посериозно. Да се види со какви потешкотии се соочуваат родителите и колку е убаво да го најдат во нас правилниот партнер. Така се креира еден мост, од којшто основната корист ја има општеството“, изјави д-р Врабевски за Дарик радио.
Погледнете го целото интервју на д-р Милен Врабевски во видеото што следи: