| | |

(Галериja) Во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје беше отворена изложба посветена на 145-та годишнина од објавувањето на Софија за главен град на Бугарија

Во Националната универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски “ Скопје денеска беше отворена изложба со наслов ,,Раѓањето на модерниот град” посветена на бугарскиот главен град Софија, јавува БКИЦ во Скопје.

Експозицијата е создадена од Националната библиотека ,,Св.Св. Кирил и Методиј” по повод 145-тата годишнина од изборот на Софија за главен град на Бугарија. Изложбата содржи архивни документи , фотографии и уметнички дела од фондот на библиотеката.

На отворањето на изложбата беа присутни Силва Налбантјан-Хачерјан, директор на на Дирекција „Меѓународна соработка“ кон Министерството за култура на Република Бугарија, доц.д-р Красимира Александрова- директор на Национална библиотека ,,Св.Св. Кирил и Методиј”, Јовица Никчевски директор на Национална и универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски “ Скопје, делегација од Националната библиотека ,,Св.Св. Кирил и Методиј “ Софија, Антониа Велева директор на БКИЦ Скопје, дел од тимот на културниот центар и други посетители.



Слични Објави