Asian Tiger Mosquito sucking blood on human skin (albopictus)

ИМА ЛИ ОПАСНОСТ ОД ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА?

///

Анализите што се прават во Институтот за јавно здравје денска треба да покажат дали со овој вирус се инфицирани двајца пациенти од нашата земја.

Западно-нилската треска е заразно заболување што го пренесуваат комарци. Кај нас има веројатност да се појави, но не како увезен случај, туку како домашен, бидејќи вирусот веќе постои, а го имаме и видот на комарците што може да го пренесат. Комарците што го пренесуваат вирусот не се само тигрестите, туку уште 4-5 други видови –  велат епидемиолозите во Институтот за јавно здравје.

Вирусот е присутен во земјите во регионот Србија, Грција, Албанија, не треба да бидеме изненадени ако се појави и кај нас, како кај овие два случаи кои сега се испитуваат или во некои други случаи, бидејќи сезоната започнува. Иако порано се сметаше дека случаите инфицирани со најл вирусот се обично пациенти што патувале во некоја од земјите каде овој вирус го има, сепак епидемилошките анкети покажуваат дека сме имале и пациенти кои воопшто никаде не патувале, што наведува дека инфекцијата може да настанала и во земјава.

Симптомите на овој вирус се многу слични како и кај обичните вируси, покачена температура, омалаксаност, но понатаму ако клиничката слика се влошува и се појавуваат знаци дека е зафатено нервното ткиво кај пациентот, тогаш треба да се побара стручна помош и да се утврди дали станува збор за најл вирусот.



Надлежните апелираат во сезоната на комарци задолжително да се преземаат мерки за заштита. Можеби толку со оваа цел е најавеното авионско прескање против комарци за време на викендот.

Претходна статија

ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖУВААТ ДЕКА ПРИЈАТЕЛСТВОТО ПОМАГА ЗА ДА СЕ ЗАЧУВА УМСТВЕНОТО И ФИЗИЧКОТО ЗДРАВЈЕ

Следна статија

НАСКОРО ЗАПОЧНУВА НОВИОТ МАКЕДОКС, НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

Најново од Вести