| |

НАСКОРО ЗАПОЧНУВА НОВИОТ МАКЕДОКС, НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

Оваа година од 16 -23 Август на добро познатата локација, во прекрасниот Куршумли ан ќе вибрираат филмски приказни на веќе не толку младиот, но исклучително квалитететен фестивал за креативен документарен филм во Македонија и пошироко – МакеДокс.

Среде, за скопјани, добро познатиот двор, во Старата турска чаршија, под отворено небо ќе можете да ја проследите овогодишната програма, проследна со работилници, перформанси и доку-муабети во вечерните часови, со добра музика и убава опуштена атмосвера.

Своето постоење овој многу значаен културен настан го започнува сосема скромно во 2010 година и за неколку сезони прераснува во едно од најомилените и најпосетуваните летни случувања на скопјани. И оваа година, традиционално, МакеДокс ве кани на истата локација да уживате во овогодишната програма.



Слични Објави