ТИБО КУРТОА ПРЕТСТАВЕН ВО РЕАЛ МАДРИД
Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално го претстави својот нов голман, Тибо Куртоа. Белгискиот голман, поранешен играч на Атлетико Мадрид, се приклучи на лон Бланкос од Челси. Претходно денес, 26-годишниот Куртоа ги помина лекарските прегледи и официјално го потпиша договорот со неговиот нов тим во присуство на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

