| |

ШТО Е ПОДОБРО, ДА СИ КОЊ ВО ДУБАИ ИЛИ ПАЦИЕНТ ВО СКОПЈЕ ?

Случајно седејќи на фејсбук, здогледав слика во која се прави споредба на една нормална штала во Дубаи и државната болница во Скопје, за тоа како едните третираат коњи а како ние луѓе. Сликата просто разочарува и предизвикува некој тивок бес во себе, знаејќи дека втората слика е поради алчноста на нашите политичари, парите се потрошени на патни трошоци, а можеа да бидат вложени во болниците и да се лечиме во соодветни услови, а притоа смртноста во нашите болници да биде драстично намелена. Редно е да ја видиме сликата и можеби во нас сите како колектив ќе го разбуди чувството на солидарност и борба, да имаме соодветни услови за да се лечиме како луѓе, а не да завидуваме на коњите во Дубаи.

 



Слични Објави