РИМЕЈК НА ПОЗНАТАТА НУМЕРА ОД БРИТНИ СПИРС „ТОКСИК“

//

Кој бил млад и луд во 2003 година и сакал добро да се испоти на подиумот во некоја од тогаш популарните дискотеки, не може да не се сеќава на мега-популарниот хит на Бритни Спирс „Токсик“. Да, ова беше многу одамна, во златните денови на златната девојка, пред да се случат сите оние работи… Песната беше толку многу популарна што глава не можевме да кренеме од неа, доаѓаше од ТВ екраните, звучниците на автомобилот, малото радивце скриено под пултот на касиерката во локалното гранапче и, нормално, во некоја извитоперена верзија, во мелодијата што си ја потсвирнува човекот на предното седиште во автобусот.

Со текот на времето, и покрај упорните виџеи и диџеи што ја реемитуваа, песната се подзаборави. Но, какошто бива, големите хитови остануваат со нас засекогаш. Погледнете го најдобриот римејк на познатата нумера од Бритни Спирс.



Претходна статија

МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА „ПОСЛЕДНАТА ВЕЧЕРА“ НА ДА ВИНЧИ

Следна статија

4-ТЕ ЗНАЦИ КОИ СОВРШЕНО СИ ОДГОВАРААТ СО ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЛАВ

Најново од Магазин