ЗАМИНУВАЊЕТО НА ОЗИЛ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ ГО БРАНУВА СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ
Одлуката на германската фудбалска ѕвезда Месут Озил да се повлече од националниот тим поради „расизмот и непочитувањето“ со кои се соочил поради своите турски корени, во понеделникот предизвика јавна дебата во врска со односите на земјата со најголемата емигрантска заедница.
Најистакнатиот германски политичар од турско потекло рече дека ќе биде тешко за шефот на Германската Фудбалска Асоцијација (ГФА) националното фудбалско здружение да остане во улогата, додавајќи дека заминувањето на Озил ќе биде добредојдено само од оние што се спротивставуваат на различностите.
Најавата за повлекување на Озил од националниот тим, објвена на социјалните медиуми неделата навечер, ги наполни насловните страни на светските весници кои му посветија огромно внимание на дваесет и девет годишниот играч од средниот ред, клучен за успехот на германскиот во Светскиот куп во 2014 година, но истовремено и на тимот елиминиран во групната фаза на Светското првенство во 2018 во Русија.
ГФА недвосмислено ги отфрли обвинувањата на Месут Озил за расизам. Во изјавата што ја објави ГФА во понеделникот, тој рече дека коментарите на Озил се неразбирливи и според нивниот тон и според пораката. Играчот од средниот ред изјави дека како последица од прераното заминување на германскиот тим од натпреварите за Светското првенство тој добил пораки со говор на омраза како и смртни закани. Озил беше критикуван од страна на претседателот на ГФА, Рајнхард Гриндел, како и одредена група политичари, за фотографијата што ја направи со уште еден германски играч од средниот ред со турско потекло, Илкај Гундоган и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
ГФА жали за одлуката на Месут Озил да се повлече од националниот тим. но, ова нема да влијае врз определбата на Асоцијацијата да продолжи со својата успешна работа за интеграција Асоцијацијата прави долгогодишни, постојани и активни напори да ги поддржи интегративните процеси Германија.
„Играме и живееме заедно, независно од нашите различни корени, религии и култури. Она што мора да не поврзе сите нас во и вон теренот, е почитувањето на човековите права цврсто утврдени во нашиот устав, како и залагањето за слобода на изразување и слобода на печатот, како и почит, толеранција и фер игра. А посветеноста кон овие основни вредности е предуслов за секој човек кој игра фудбал за Германија “, рекоа од ГФА во својата изјава. Исто така додадоа и дека признаваат дека жалат што Озил „се чувствува како да не му се дало доволно заштита кога бил цел на расистички слогани”.
Озил рече дека третманот што го добил од ГФА бил дополнителен мотив повеќе да не носи дрес со германски бои. „Се чувствувам отфрлено и мислам дека сè што сум постигнал откако го направив меѓународното деби во 2009-та година е заборавено”, рече тој.
Гневното заминувањето на Месут Озил од националниот тим привлекува мешан одговор дома.