Османи со Кулеба: Од Брисел, преку Вараша и Жешов во Полска, се до границата со Украина

/

Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, Османи заедно со министрите за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и на Украина, Дмитро Кулеба беше на полско-украинската граница; а им се придружи и министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Османи денеска објави фотографија со министерот на Украина, Дмитро Кулеба, и порача:

-Од Брисел, преку Варшава и Жешов во Полска, сѐ до границата со Украина.

И покрај интензивната Агенда, и огромниот притисок, Дмитро е трпелив, сталожен и пријатен, неуморно создавајќи не само сојузништва, туку и пријателства за својата земја.

Украина и Украинците ја заслужуваат сета почит за својата храброст и издржливост, и во секоја смисла ја заслужуваат поддршка од пријателите, пишува Османи.



Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Лекарите не успеаја да го спасат, почина млад ракометар на РК Бутел, хоспитализиран вчера без срцева аритмија

Следна статија

Нови 163 случаи со Ковид 19, од нив 24 лица повторно се заразиле

Најново од Вести