| |

ЗАХАРИЕВА: РС МАКЕДОНИЈА СÈ УШТЕ НЕ ГИ ПРЕКИНАЛА ВРСКИТЕ СО СРБИЈА И РУСИЈА

„Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги побива некои ставови дека се прекинати врските со Србија и Русија„ – изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, пренесува БГНЕС

Таа потсети дека македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва.
„За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева пред бугарската тв куќа БТВ.
Според неа, ваквите постапки се доказ за приближување кон Србија.

Од БГНЕС потсетуваат дека на 27 јануари, премиерот Зоран Заев објави дека наставата по српски јазик и култура за учениците од шесто одделение се враќа во македонските училишта, додека Програмата за VIII и IX одделение во училиштата за општо образование е во фаза на одобрување.



Слични Објави