Милотинова: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е приоритет на ЕК, но не по секоја цена
Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е приоритет на Европската комисија, но не по секоја цена, туку по сопствена заслуга. Ова го изјави за БНР новинарката Милена Милотинова, водителка на емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија Он Ер.
„Земјите апликанти мора да ги исполнат условите за кои однапред се договориле, да ги исполнат преговарачката рамка и условите за преговори и да одат по патот напред. Ако не ги исполнат, нема да одат напред“, прецизира таа.
„Важно е земјите од Западен Балкан, вклучително и РСМ, да го продолжат процесот напред, бидејќи тоа ќе ги придвижи во клубот на европските вредности, а тие ги вклучуваат и човековите права, а тоа е главниот критериум од Копенхаген. Токму затоа Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, за тие да имаат рани права, не некои ексклузивни, посебни права, туку еднакви права со сите други националности што живеат на територијата на Република Македонија. Крајно време е политичарите во Скопје да сфатат дека е апсурдно во 21 век една заедница да се бори за еднакви права со сите останати. Овие битки беа својствени за други времиња. Еднаквите права треба да бидат стандард, а не да се води борба за нив“, коментира новинарката.
Милотинова нагласи дека нема земја која не ги исполнила копенхашките критериуми за членство во ЕУ и да го продолжила процесот на пристапни преговори.
