|

ВО БУГАРИЈА РЕКОРДНИ 32.482 ЛИЦА ВАКЦИНИРАНИ ЗА ЕДЕН ДЕН

Во Бугарија денеска се вакцинирани 32.482 лица, што е нов рекорд по бројот на вакцинирани против коронавирус за еден ден, рече министерот за здравство, Костадин Ангелов, и додаде дека целта е да се достигнат 50.000 вакцинирани за еден ден.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември лани, 877.124 лица ја примиле првата доза, а 251.202 втората доза.

-Набргу ќе имаме милион вакцинирани граѓани“, рече тој додавајќи дека последните податоци за епидемијата покажуваат тренд на опаѓање.



Слични Објави