ШАМАР ОД УНЕСКО ПОРАДИ НЕГРИЖАТА ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
УНЕСКО го објави извештајот во кој нема добри вести. Во него се нотираат бројни забелешки поради кои езерото може да се најде на листата на светско наследство во опасност
Нацрт-извештајот на УНЕСКО не донесе добри вести за Северна Македонија. Поради недоволна грижа за природното богатство, исполнети се условите Охридскиот регион да се впише на Листата на Светско природно и културно наследство во опасност. Во последните три години не само што не се преземени чекори за да се подобри состојбата, туку УНЕСКО, во својот најкритички извештај досега, забележува дека продолжува развивањето проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје, а евидентнo е и дека регионот е високо ранлив поради значајни проблеми со менаџирањето и слабото спроведување на законската рамка.
Поради урбанистичкиот хаос, УНЕСКО децидно бара да се отстранат дивопоставените објекти долж брегот на езерото и заштитеното подрачје на градот. Во извештајот се нотира дека е неопходна заштита на старата грасак аритектура, се бара целосна забрана за градба, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменистори во градот, како и реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“ бидејќи оценката е дека се прекинале природните врски меѓу езерото и блатото со што бил загрозен живиот свет. УНЕСКО заклучува дека „несоодветните интервенции, негативните ефекти на градското планирање и зголемениот број проектни предлози, кои заедно резултираа со сериозно влошување на урбаните, руралните и природните предели, како и на клучните атрибути на неговата извонредна универзална вредност, поради што подрачјето ги исполнува условите да биде впишано на Листата на Светско наследство во опасност“. На шамарот на УНЕСКО поради недоволната грижа на македонскиот бисер од општината одговараат со контраргументи. Тврдат дека изготвиле инвентар на бесправно изградени објекти, ги остраниле билбордите и палмите и вовеле времен мораториум за градба на целата територија на општината.
УНЕСКО бара :
• Отстранување на дивопоставените објекти долж брегот на езерото и во заштитеното подрачје на градот,
• целосна забрана за градба,
• усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион,
• заштита на старата градска архитектура,
• отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот
• Реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“
Забелешките се однесуваат на прекумерната и неконтролирана урбанизација, бавноста во справувањето со дивоградбите, како на крајбрежјето така и во заштитеното градско подрачје, но и дерогирање на животната средина, нефункционалниот колектор, отсуството депонија за цврст отпад.