| | |

(Галерија) Здружението „Унироуз“ со креативна работилница и пакетчиња за најмалите ја испраќа 2024 г.

Здружението Унироуз во соработка со здружението Балкански мост и финансовата помош од фондацијата Бугарска памет на д-р Милен Врабевски на 27 12.2024 организираше новогодишна креативна работилница за најмладите, и Божикна коктел забава за возрасните и децата на своите соработници, јавува здружението Унироуз од Битола, преку објава на социјалната мрежа Facebook.

Децата изработуваа креативни Божикни украси, а целокупната нивна радост ја надополни пристигнувањето на Дедо Мраз, кој им подели новогодишни пакетчиња.

„Неизмерната радост на дечињата не поттикна оваа Новогодишна креативна работилница да стане традиција, но зголемена со уште повеќе настани на кои децата ќе уживаат во магичните денови до пристигнувањето на Новата година“, велат од здружението.

Со краток говор, претседателите на здруженијата им посакаа среќни празници и успешна Нова година на сите присутни.

„Овој пат, беа опфатени само дечињата на нашите членови и соработници, но се надеваме дека следната година ќе бидеме во можност да организираме повеќе вакви креативни работилници, за да може поголем број дечиња да се радуваат на прекрасните божикни празници. Во име на здруженијата Унироуз и Балкански мост и секако во име на Фондација Бугарска Памет без која ништо немаше да биде реалност, Ви посакуваме Честита Нова година и Божикни празници“, стои во соопштението на организаторите.

Слични Објави