| |

ПОМПЕО НЕГИРА ПОДДРШКА ОД САД ЗА ТУРСКИТЕ НАПАДИ ВО СИРИЈА

САД не и дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во северна Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува Лидер.

Според Помпео, Турција е соочена со „терористичка закана во јужниот дел на земјата“, но дека се лажни извештаите дека Анкара добила поддршка од САД за напад.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници навлегоа во североисточна Сирија, со што покрената копнена офанзива против припадниците на курдската милицијата.

Според последните информации досега најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија.



Слични Објави