МАНЧЕВСКИ: ПРВО ОБВИНЕНИЕ ЗА РЕМЕНСКИ, ПА ПОТОА ЌЕ ПРЕЗЕМЕМЕ ВНАТРЕПАРТИСКИ ПОСТАПКИ
Потпретдедателот на СДСМ, Дамјан Манчевски смета дека најпрво треба да се добие обвинението за Фросина Ременски за случајот „Рекет“ за потоа да се преземат соодветните внатрепартиски постапки.
Манчевски на трибината „На прав пат“ што синоќа се одржа во Кочани истакнал уште дека, ако Марко Зврлевски поднесол барем една кривична пријава против поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ денеска можеби ќе бевме и во Европската Унија.
Според потпретседателот на владејачката партија случајот со Ременски покажувал дека системот функционирал за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.