ОПШТИНА ЧАИР ЈА „РЕВИТАЛИЗИРА“ СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа дека калдрмата од улиците на Старата скопска чаршија е целосно извадена.
На официјалната фејсбук страница на општина Чаир се објавени повеќе фотографии со следното објаснување.
„Проектот за ревитализација на Старата Скопска Чаршија се реализира според утврдената динамика. Калдрмите и витрините на дуќаните на занаетчиите се автентични културни карактеристики на нашето гнездо на културата – Старатa Скопска Чаршија за чие одржување Општина Чаир се грижи преку проектот за ревитализација и зачувување на нејзината инфраструктурна автентичност. Така денес Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со поранешниот градоначалник на Општина Чаир г-дин Изет Меџити, координаторите на проектот Џавит Гаши и Седат Кубур извршија непосреден надзор над работниот процес. Еден дел од калдрмата и витрините се веќе поставени и со големо посветеност се продолжува низ другите делови на Чаршијата. Им се заблагодаривме на работната екипа за коректноста и докажаната професионалност во текот на реализацијата на работниот процес“, пишува во објавата на општина Чаир.

