| |

Зеленски денеска пристигнува во Брисел, утре ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес попладне ќе пристигне во Брисел, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалните мрежи, пренесува БНР.

Зеленски заедно со Фон дер Лајен ќе учествува на видеоконференциска средба на лидерите на земјите од „Коалицијата на подготвените“. Според портпаролот на Европската комисија, утре двајцата заедно со европските лидери од коалицијата ќе отпатуваат кон Вашингтон.

Во Белата куќа за утре е закажана средбата помеѓу претседателот на Украина Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.



Слични Објави