| |

DW: ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИНДИРЕКТНА АМНЕСТИЈА, КОЈА ЌЕ ГИ ОПФАТИ САМО ВИСОКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ?

Во анализа објавена на порталот DW на македонски се вели дека:

„Ниту Договорот со Грција, ниту законот за финансирање на политичките партии и барањето за „пржинска влада“ пред избори, најверојатно не се вистинските причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ го блокира изборот на новиот состав на ДИК. Како што тврдат за ДВ извори упатени во преговорите, притисокот на ВМРО-ДПМНЕ зад сцената бил насочен кон барање на одредени измени во Кривичниот законик. Поконкретно, најголемата опозициска партија наводно барала промена и редефинирање на кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и намалување на висината на предвидените санкции, со што би се скратил и рокот во кој застаруваат делата извршени по тој основ.

„Амнестијата за учесниците во настаните од 27-ми април е ‘нафрлена’ само како параван за амнестијата што всушност се бара исклучиво за високи партиски функционери на партијата, кои се опфатени со предметите на СЈО или ОЈО. Со такви измени во Кривичниот законик, обвиненијата за голем дел од нив веќе би станале застарени или би го стакнале тој статус многу брзо во следниот период. На таков начин, би се обезбедила тивка, индиректна амнестија, без многу ‘врева’“, објаснуваат нашите извори“.

Како што објавуваат од DW, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е достапен за да ги потврди или демантира овие наводи. (целата анализа прочитајте ја овде)

Слични Објави