|

КАКВА ПАНДЕМИЈА КАКВИ БАКРАЧИ

Среде полициски час, излегле да протестираат, зашто тројца сограѓани им биле повикани на информативен разговор во полициска станица во Гази Баба, а за кои добиле дојава дека биле физички нападнати од полицајците, за што, пак, градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски во изјава тврди дека не е точно.
—-
(ДОПОЛНЕТО) – текстот не се однесува на фактот дека некој нема право да го одбрани тој за кој сметал дека е нападнат и дека нема право на протест. Има и протести поддржувам. Но не во вакви услови. Па така, текстот подолу се однесува на немањето колективна одговорност за сите кои излегле на протест во време на пандемија од респираторна болест, која се пренесува при блискост со други лица. Тука треба да се реагира. Тоа е недозволиво зашто сите во опасност нè ставаат. Исто како и оние пред банки што се групираат и во маркети што дишат во врат.
А за тоа дека добив еден тон спротивставени информации, тоа дополнително да се разјасни утре во целост од институциите.
—-
Па дали тие што протестирале ќе одговараат прекршочно, како еден куп други граѓани низ државава за прекршување на полицискиот час? Доколку не, да почнеме да се организираме #СекојДенВоШест повторно на пример, за протест, чунки нема да го нарушиме полицискиот час, оти „короната“ не напаѓа кога луѓето протестираат. (ова е сарказам, идејата да се игнорира!)
Дали сега сите тие собрани на протестот ќе одат во карантин од 14 или од 21 ден и би се третирале како неодговорни граѓани кои свесно ризикувале ширење на вирусот според член 205 и 206 од КЗ, а доколку некој од нив покаже позитивност на вирусот во следниот период, имајќи го предвид фактот дека општина Гази Баба е четврта општина во Градот Скопје според бројот на заболени лица? – / – (според мапата за дистрибуција на заболените низ општините во Скопје, која на koronavirus.gov.mk сè уште има вкупно 195 случаи, а Гази Баба – 23, наспроти кумулативната бројка во ИЈЗ од 316 лица – ова е и потсетување на Владата на РСМ за тоа кој и да им ја одржува веб-страницата, да ги поправи бројките на скопските општини и да ги додаде преостанатите околу 120 лица) – /

МВР гледам ги нема нешто да излезат барем со некој краток опис на настанот, во којшто ме интересира и наведување на ингеренциите на градоначалникот да оди во станицата (како што тврди тој во видеото споделено од „Tetova News“) да ги земе и да се врати со началникот? Разбирам дека дипломатски се обиде да ја смири ситуацијата и тоа беше успешно, но, таквиот исказ е многу опасен за поделбата во државата и нејзините институционални ингеренции.

Армијата ќе ги спроведува граѓаните на Дебар и на Прилеп по маркети и банки, но, МВР не спроведува ред дури и кога се обидува да го направи тоа за време на полициски час, зашто е протест? И сè се остава на градоначалникот, кој како што потенцира тој – сам, ги смири граѓаните кои ни пола метар социјална дистанца немаат и се стави себеси во ризик обиколен околу своето возило со толпа народ?

Монти Пајтон да нè следеа одамна, ќе немаше потреба да плаќаат сценаристи. Сè имаат на дневно ниво, па дури човек и не може да постигне кога има денови како денешниов.

Fb статус на Огнен Јанески

Слични Објави