| |

Време е Македонија да ја пресече папочната врвца со Белград

Пишува: Ели Секуловска специјално за БГНЕС

Изминатите неколку години Северна Македонија сериозно страда од идентитетски артритис, поточно со соочување со вистината. Понекогаш заболувањето е убалжено со краткотрајна примена на шок терапија; постојаното потестување од страна на светските лидери дека Уставните измени мора да се случат, да се исполнат точките од договорната рамка и да се каже историската вистина.

Наспроти тоа, големо количество на популистички позери и некадраници, „месии“ и промотори на фолклорната полика го натрупаа и онака со демагогии и гадости пренатрупаниот јавен простор. Од целиот тој примитивен и медиокритетски сублимат се чини дека една работа е сигурна, а тоа е дека ништо не е сигурно и ништо не е онака како што се чини. Интеракцијата на западните деомкратски инсталации врз почвата на недемократска политичка култура во Северна Македонија, низ бескрајната транзиција кон ништо, го оддржуват чудовиштето од систем, елити и лидери од кои е бесмислено да се бараат европски поведенија и системи. Од македонската елита и нејзината се уште непрекината папочна врска со Белград како и од староудбашките инсталации кои се чини дека се неуништливи како коров, да се очекува дека ќе се изгради правна држава, владеење на правото, да се чува интегритетот на институциите, медиумските слободи, да се почитуваат различностите политички, верски, национални и секакви, е рамно на лудило. Ежедневните пак глупости кои се кажуваат во трката за избори, антибугарската кампања, бугаромразието со кое се докажува некаков си кафански патриотизам е одлика на немоќни, безидејни луѓе; луѓе без аналитички моќи,визии и лични интегритети .Гротесна збирка на псевдоинтектуалци кои се уште им се служители на староудбашките белградски газди.

Но зошто е сето ова вака ?

Да тргнеме од самиот почеток.

Во престолнината на Кралевината Србија , 1910 година, во една кафеана на периферијата се формира ложа под името „Црна Рука“. Истата ложа делува и пред тој настан, имено во 1903 година, „Црна Рука“ извршува државен удар во Белград. Кралот Александар Обреновиќ кој води проавстриска политика е убиен заедно со кралицата Драга Обреновиќ. Заверениците на власт ја носат проруската династија Караѓорѓевиќ . Кралот Петар Први Караѓорѓевиќ и самиот се школувал во Русија. Потоа истата ложа ќе делува како организација „Уједињење или смрт“, организација која со своите сателитски ограноци ќе делува на териториите на бивша Југолсавија, во Словенија, Истра и Босна и Хрцеговина. Најпозната е босанската група наречена “Млада Босна’. После Илиненското Востание делуваат и на територијата на Вардарска Македонија со започнувањето на расколот во самата организација ВМОРО во која уфрлуваат и свои агенти, што значи тогаш започнува лоботомијата или србизирање на Бугарите во Македонија.

Еве неколку думи за случувањата во Битола после доаѓањето на Србите во 1912 година.

„На почетокот на 1913 година во Битола , беа затворени сите видни дуќанџии( Бугари) во Сарајот и по извесно време ги однесоа кај месноста “Света Недела” . Тие таму беа принудени да ги менуваат своите презимиња во „ич“ . Власите, Грците, Албанците и Турците не го менуваа своето презиме , поточно не добија „ич“.

После 1913 година Србите почнаа да вршат терор над македонскте Бугари, а за нив бевме Бугараши. Еден од најдобрите светски журналисти , Albert Londres , како дописник на најчитаните француски весниц, „Excelsior, Le Petit Parisien“ го опишува страшниот терор вршен над Македонските Бугари од страна на Србите кои го асимилираа народот.Комитите од своја страна слегоа од планините и заминаа во Бугарија, додека пак мал дел останаа во Македонија. Грчките Андарти заминаа во Грција.

Конзулите си заминаа. Турските бегови во голем дел заминаа во Турција додека пак земјата(чифлиците) им беа одземени, се изврши аграрна реформа така што многу доселени Срби се здобија со земја.

Голем дел Грци и Власи си заминаа во Солун , Евреите дел си заминаа во Солун,а поголемиот дела во Еврoпа.

Битола економски почна да опаѓа. Стана пограничен град на 15 километри од границата .

Целата администрација, жандрмерија и војска беа Срби . Немаше ден по некој Бугарин да не биде затворен, а навечер убиен во месноста Билбил камен. „- извадок од мемоарите на мојот дедо Христо Секулов.

Несомнено теророт врз Македонските Бугари како и нивната асимилација продолжи и во Титова Југославија . После 1945 година беше спороведуван најкрвавиот терор врз македонските Бугари и нивните семејства, а етикетата „Бугараш“ значеше дека сте секогаш ставен на отсрел. Следуваат најбрутални убиства, прогонувања, малтретирања и грабежи, во периодот 1944 до 1953 .

1948 година , после Стаљиновите критики упатени кон Комунистичката партија на Југославија дојде до второто перење на мозоците;годините на Инфомбирото со седиште во Белград , за потоа да биде преместено во Букурешт. Под етикетата Стаљинисти и русофили без суд на Голи Оток беа испратени сите најдобри и први комунисти. Следуваше заладување на односите со тогашен СССР и намигнување на Тито кон Западот. За некои празни глави Тиот беше „играч“ , а за многумина кои читаат, само корисен човек во таа временска констелација .

Релацијата Москва- Белград е обновена во 1953 година. Затоплувањето на односите помеѓу Југославија и тогашен СССР како предводник на земјите од Варшавскиот пакт настана со доаѓањето на Никита Хрушчов на власт во 1953 година. Тогаш веќе се активира и тогашната бугрската надворешна политика која во неколку наврати се обиде да го реши македонско – бугарското прашање. Белград, миленичето или помалиот брат на Москва за да ја зачува веќе асимилираната србизирана Македонија дури го наведе и Андропов кој во тоа време беше секретар на ЦК на КПСС за социјалистичките земји, во разговорите водени во Белград да ги критикува Бугарите за одредени девијации во однос на македонското прашање!

Потоа следуваа уште неколку средби помеѓу тогашниот политички врв на Југославија и Република Бугарија. Инстистирањето од бугарската страна кон македонската страна да се признае бугарското малцинство во Македонија секогаш завршуваше со климање на главата од македонска страна, но во реалност,тиранијата како и меките притисоци кон Македонските Бугари продолжија а и понатаму продолжуваат со несмалено темпо.

На 25 Октомври, 1965 година во Варна се среќава Југословенска делегација со претставниците на тогашниот бугарскиот политички врв, Митко Григоров, Борис Велчев и Кубадински. Средбата во Варна ќе трае пет дена. Бугарските политичари ќе ги изложат сите свои забелешки кон тогашна Сојалистичка Република Македонија, а едната од тие забелешки е дека во СРМ се вршат административни притисоци за менување на националноста и дека очекуваат наскоро сето тоа да престане ,т.е. очекувањата беа дека секој слободно ќе може да ја искаже својата национална определба. ( Од Белешките од седницата на ИК на ЦК СКМ од 25 Октомри 1965 година).

.Еве што известува Видое Смилевски во врска со средбата во Варна на 25 Октомври 1965 година, како претставник од тогашната југословенска делегација:

„Попладнето на 25 Октомври во Варна, после завршувањетона официјалните разговори, се издвоивме ние тројца ( Григоров, Миха Шпиљак и јас ) . Григоров почна прв. Тој изнесе дека во периодот 1945-1946 година тиа сториле груба решка што извршиле пресија над населението во Пиринска Македонија да се пишат како Македонци. Во врска со тоа , Григоров во продолжение изнесе дека тие, Бугарите имаат многу тешкотии во пиринскиот крај и со партиското членство. Голем број на комунисти им ги фрлале партиските книшки, говорејќи, “каква е таа партија која со сила ги тера да се пишуваат Македонци иако се Бугари”.

Второ, изнесе дека по иронија на историјата еден дел од бугарскиот народ е одвоен од Бугарија , дека со политички одлуки е создадена македонската нација на СРМ. – вели Видое Смилевски во воето излагање. -Извадок од колумна во весник Нова Македонија, 24 Ноември, 1997 година.

Покрај огромните напори на бугарската надворешна политика сите изминати години за барем малку човечност и меѓусебно почитување на Македонските Бугари во Вардарскиот дел од Македонија ,чинам дека крајно време е македонската политичка и интелектуална фела да се вразуми, конечно да ја каже историската вистина и сите заедно да тргнеме по европски пат. Голготата на македонските бугари ќе ни остане како црно петно, впишано во секој ген на идните генерации, минато со кое ние, некако ќе мора да се справиме но и да ја кажеме вистината без преќутување затоа што само вистината ослободува.



Слични Објави