| |

Струшкиот клуб во триатлон и пливање ,, 3Disciplines” со успешен настап на Летното отворено државно првенство во пливање

Клубот во триатлон и пливање ,,3Disciplines” од Струга се претстави повеќе од успешно на Летното отворено државно првенство во пливање што се одржа од 5-7 јули во Скопје. Клубот освои три сребрени медали во младинска категорија штафетите 4*100 мешано, 4*200 слободно, 4*100 слободно.

Настапија Тија Кукунешоска, Олса Орани, Тара Цома и Наталија Ончева. Во сениорска конкуренција бронзена медаља освои штафетата 4*100 метри слободно во состав Никола Кутаноски, Александар Новески, Матео Мачоски и Цветко Митрески.

Клубот ,,3Disciplines” изразува благодарност до Унипласт Струга и до првиот човек на здружението ,, Струмичка петторка ” Борче Костески, за нивната несебична поддршка.



Слични Објави