| |

МАРКО ГО ПОЧНА ПОДВИГОТ: СИТЕ НЕКА МУ СТИСКАМЕ ПАЛЦИ НА МАЛИОТ ЈУНАК КОЈ ЌЕ ПЛИВА ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски попладнево го стартуваше својот најнов подвиг, овојпат во обид да преплива 64 километри во знак на поддршка на лицата со ретки болести, јавува Фокус.

Марко во вода влезе попладнево околу 18 часот, во придружба на неговите најблиски, лекарски тим, официјални лица и екипа што ќе го следи. Тој од кај Градското пристаниште со решителни завеслаи се упати кон Свети Наум, делница што ќе ја плива во текот на целата ноќ. Се очекува кружната трка преку езерото Охрид-Свети Наум-Струга-Охрид да ја заокружи утре на празникот Голема Богородица на истото место од каде што тргна.



Слични Објави