|

СЛОВЕНИЈА ОД ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРА ФАБРИКИТЕ И ПРОДАВНИЦИТЕ

Десетина илјади работници во словенечките фирми, фабрики, продавници и работилници денес ќе се вратат на работа, по повеќенеделната забрана за работа поради коронавирусот, пренесува ТВ Стар.

Денес повторно ќе отворат неколку поголеми фабрики, како и автомеханичарските работилници, вукланизерите, поголемите градилишта и продавниците за градежен материјал и бела техника.Одговорноста за сигурна работа е кај работодавачите кои мора да се организираат според препораките на властите.

Синдикатите апелираа до владата уште еднаш да ги прецизира упатствата за да се осигура здравјето на работниците, наместо да се ризикува во корист на капиталот.

„Ако е потребно, ја повикуваме владата привремено да ги запре сите работи кои не се нужни за функционирање на државата“, порачаа синдикатите.



Слични Објави