|

ЛУКАШЕНКО: ВО БЕЛОРУСИЈА НИКОЈ НЕМА ДА УМРЕ ОД КОРОНАВИРУС

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, синоќа изјави дека никој нема да умре од коронавирус во таа земја и уште еднаш ја отфрли потребата за строги мерки какви што донесоа повеќето земји за спречување на ширењето на пандемијата.

„Најдовме комбинација на лекови која може да спаси луѓе. Во оваа земја, никој нема да умре од коронавирус и јас јавно го објавувам тоа“, рече Лукашенко.

Во исто време, Министерството за здравство соопшти дека во земјата се пријавени 2.919 случаи и 29 смртни случаи, но Лукашенко вели дека сите смртни случаи се случиле кај пациенти кои имале срцева болест или дијабетес.

„Поради ова, можам да кажам дека никој не починал од коронавирус“, рече Лукашенко.



Слични Објави