Идната владејачка коалиција во Бугарија: Ја зачувуваме позицијата во однос на РС Македонија

//

Бугарија ја задржува својата позиција кон Република Северна Македонија. Ова го забележаа учесниците во преговорите за коалицискиот договор за формирање на новата владејачка коалиција во Бугарија, јавува БГНЕС.

Темата за РС Македонија беше оставена последна во дебатата на тема „Надворешна политика“. Активно учество по тоа прашање зедоа Кирил Петков, Даниел Лорер и Асен Василев од „Продолжуваме промената“ од редовите на социјалистите Кристијан Вигенин, од партијата на Слави Трифонов, Димитар Грдев и од Демократска Бугарија, Стефан Тафров. Присутните за околу 40 минути ги разјаснија главните точки на билатерални односи меѓу Софија и Скопје.

На самиот почеток на дискусијата, Вигенин повика експлицитно да се нагласи дека „Бугарија ја задржува досегашната политика и се придржува до Рамковната позиција усвоена од Парламентот во ноември 2019 година“.

Од Продолжуваме промената инсистирале Рамковната позиција да не се вклучува во текстот, но на крајот била одобрена формулацијата дека Бугарија ја задржува сегашната позиција во однос на РС Македонија.

Даниел Лорер од ПП побарал појаснување на зборовите „придржување кон формулацијата во декларацијата на Националното собрание. На ова одговори Кристијан Вигенин, кој рече дека декларацијата е сосема пожелна, додека Рамковната позиција детално опишува многу работи.

„Од денешниот панел не треба да излезе дека правиме чекор со кој се ревидира овој став, бидејќи тоа, ако воопшто се случи, може да го направи владата кога ќе ја формира следното Народно собрание. Во рамка сме и треба да потврдиме со другите елементи што ги набројуваме“, нагласи Вигенин.



Според него, треба да се бара трајно и одржливо решение на спорните прашања како предуслов за напредок во процесот на пристапување на РС Македонија во ЕУ. Тоа треба да се направи со доследно бранење на националните интереси на Бугарија и без компромиси со историската вистина, врз основа на документи и факти.

Од своја страна Петков истакна дека ја разбира загриженоста на БСП и подвлече дека позицијата нема да се менува.

Димитар Грдев од партијата „Има таков народ“ побара единство во однос на позицијата и истата да се надгради.

„Впрочем, да знаеме дека ја имаме основата како консензус во парламентот, во општеството. Да покажеме дека е заснована на консензусна одлука и имаме добра волја да продолжиме врз основа на тоа“, рече поранешниот. претседател на собраниската Комисија за надворешна политика и предложи во текстот да се внесе „зачувување на единствената позиција на Бугарија“ за да не станува збор за повлекување или манипулација.

Кирил Петков истакна дека позицијата на Бугарија се зачувува и ќе се брани и истата ќе надоградува во позитивен дух.

Претходна статија

Час по историја-последниот пирински револуционер

Следна статија

Попладне дожд, на планините снег

Најново од Вести