Час по историја-последниот пирински револуционер

//

Пишува: Антонио Коларов

Од селото Оштава со кое сум поврзан поради моето потекло, имам неколку спомени од детските години, кои останале врежани во моето сознание. Еден од нив е споменик со неколку имиња на напишани на него, којшто се наоѓа под црквата на селото. Од тогаш сум запомнил едно име- Герасим Тодоров. Сум се распрашувал за неговата историја, сум читал многу по темата за „горјаните“. Сакам да им се заблагодарам на Единъ Завѣт. Благодарение на нивната објава, во моето сознание се појавија спомени за едни интересни раскази. Во мојот денешен расказ главен лик е последниот пирински револуционер-Герасим Тодоров.

Герасим Тодоров Николов е роден на 27 ноември 1910 г. во селото Влахи. Тој е еден од најголемите бугарски револуционери, познати како горјани, се борел против криминалниот комунистички режим во Бугарија, посебно во Пиринска Македонија, по превратот на 9 септември 1944 г.

Тодоров бил припадник на михајловистичкото крило на ВМРО, а такви биле поголемиот дел од неговите сомишленици. Тој создава револуционерна група од горјани позната како „Шести Пирински одред“. Основни јатаци на групата се исто така поранешни членови на ВМРО.

Герасим Тодоров добива гимназиско образование во Свети Врач (денес гр. Сандански). По одслужувањето на воениот рок, работи како шумски стражар во Оштава. Припадник е на ВМРО до забраната на Организацијата во 1934 г. Неговиот брат Захари Тодоров долги години е началник на пункт на ВМРО, кој се преселил во Гара Пирин.

Герасим Тодоров е близок соработник со Иван Харизанов. Во периодот 1941-1944 г. се наоѓа во Беломорска Македонија каде што е началник на расадник. По 1944 г. се враќа во Влахи и заедно со свои соселани создава шумска кооперација, која подоцна се обединува со селската кооперација и Тодоров станува нејзин касиер-сметководител. Во тоа време Тодоров станува член на политичката организација „Звено“.

Тодоров се среќава со Михаил Думбалаков, кој е близок соработник на Никола Петков и под неговото влијание на 6 мај 1947 г. ја создава својата чета „Шести Пирински одред“. На 20 ноември четата ја обива запечатаната од кметот на Влахи воденица во селото. Во декември четата се дели на два дела, под водството на Тодоров остануваат Јордан Рујчев Стојанов, Асен Николов, Кирил Бенѓузов, Љубомир Стамболиев и Петар Грков-Попето. Тие се активни во реонот на селата Оштава, Сенокос и Брежани. Во втората група остануваат Марко Панајотов, Веселин Лазаров, Тома Маникатов и Александар Султов. Тие се активни во реонот на селата Плоски и Влахи.

До крајот на 1947 г. во четата на Герасим Тодоров има 14 луѓе. Тој е во контакт со четата на Христо Лагадинов, која доаѓа од Грција.

На 12 февруари 1948 г. Тодоров ги посетува учителите во Влахи меѓу кои е и Петар Макеревски, испратен од Југославија за време на Културната автономија на Пиринска Македонија. Кон него Тодоров се однесува со разбирање бидејќи помогнал на неговата сестра и нејзиното дете. Во овој период семејството на Тодоров е малтретирано од новата власт. Во однос на Макеревски Тодоров вели:

„Тој е нашиот седенкар, тој е титовистичкиот агитатор“ и се обраќа кон самиот него со зборови: „А ти бре, заблуден комунисту, да знаеш дека ти си само пропаганда. Нема да си одиш, но ќе си ги ограничиш активностите“.

Активностите на четата на Герасим Тодоров најдобро се опишани од милиционерскиот командир Костадин Ќулјумов, истиот е и основениот одговорен за смртта на Тодоров и на уште десетици други непријатели на комунистичката власт во реонот на селото Влахи.

„Во 1947-1848 година, бандата на Герасим Тодоров ја контролираше територијата на некогашната Санданска (Светиврачка) околија, голем дел од селата во оваа област, дел од Разлог, дури стигна до Гоце Делчев – преку Пирин и дел од поранешна Горноџумајска област. Ова не беше само најголемата банда во Бугарија, туку и најопасната бидејќи контролираше територија на која народната власт беше речиси ликвидирана“.



Во комунистичка Бугарија, движењето на горјаните се споредува со мали бандитски групи, а нивните водачи се нарекувани фашисти, бандити, англо-американски провокатори и саботери. Филмот „Глутница“ снимен во 1972 г. е посветен на ликвидирањето на четата на Герасим Тодоров.

Тука е соодветно да се спомне Крум Монев, преживеан четник од четата на Тодоров, роден во село Оштава. Тој стана популарен со својата книга „Македонија – мојата потпора“ и во своите спомени ги опиша главните цели на одредот, како борба за обединета и независна Македонија. Денес во Република Македонија е распространето мислењето дека Герасим Тодоров е македонски народен борец, а во голема мера овој став останува, поради македонистичката пристрасност во ставовите на Монев.
Тодоров, иако поддржувач на автономијата, ја сметал комунистичката власт како свој единствен непријател:
„Будали, никогаш ли не сте слушнале дека во Украина партизаните напредуваат против комунистите. Слушајте ги забранетите радио станици. Народната влада на Димитров, има многу министерства, а Англија со толку колонии има помалку министерства“.
Главен момент во неговата активност, која подоцна ја искривува Крум Монев, била средбата на Тодоров со македонскиот учител од Југославија. Всушност, Герасим Тодоров е решен да го убие учителот, но го поштедува.
„ Ќе те убиев, но благодарение на тоа што си седел со сестра ми и си дозволил на нејзиното дете да му дадат чевли од наставничкиот совет, остануваш жив“.

На 12 март 1948 г. кон четата на Герасим Тодоров се приклучуваат бугарските офицери полковник Стојно Бачијски и подполковник Димитар Цветков. Четата на Тодоров се соединува со четата на Јордан Рујчев Стојанов и во средината на март четата веќе брои 42 души, поголемиот дел од кои поранешни членови на ВМРО и смртни непријатели на Бугарската комунистичка партија.

На 9 март, комунистичката милиција почнува вооружена акција со кодното име „Елен“ чија основна задача е ликвидирањето на Герасим Тодоров и неговата чета. Уапсени се голем дел од јатаците на четата и почнува акцијата за нејзиното уништување.

На 30 март Герасим Тодоров е опколен од припадниците на комунистичката милиција и се самоубива во реонот меѓу маалата на селото Влахи, В’чковци и Дебел даб.

Органите на милицијата ги собират во едно кебе деловите од телото на Тодоров и ги покажуваат прво во Влахи, а после и на плоштадот на Гара Пирин (денес град Кресна). На истиот плоштад и во истото време милицијата организира собир со оро и музика по повод разгромот на „бандитите“. И до денеска не се знае местото каде што се погребани тленните останки на Герасим Тодоров.

Акцијата на комунистичката милиција е стопирана на 4 април 1948 г. Убиени се 42 лица, 41 се уапсени, само Димитар Павлов успева да избега. Уапсени се општо 140 луѓе, четници и јатаци на Тодоров. Дури 106 од нив се осудени, а 11 лица се осудени на смрт.

Целиот одред на Тодоров е составен од антикомунистички револуционери, меѓу кои најистакнати се бугарските офицери Димитар Цветков и Стојно Бачииски. Ги повторувам нивните имиња затоа што за време на Втората светска војна и двајцата учествувале во антипартизанските активности на бугарската војска во Вардарска Македонија и потоа биле прогонувани од комунистичките власти на Југославија и Бугарија.
На 21 декември 2016 година, претседателот на Бугарија – Росен Плевнелиев постхумно го одликуваше Герасим Тодоров Николов со Орден за граѓански заслуги I степен за заштита на човековите права и слободи и за отпор против тоталитарниот режим. Во писмо на познатиот горјанин пишува: „Подобро славна смрт отколку срамен живот“.

За жал поради децениите црвена магла, вакви славни имиња се осудени на заборав. Токму затоа, една од основните цели на Коментарник ќе биде да оддаде почит и да потсети на животот и делата на заборавени или намерно исфрлени „во историското депо за отпадоци“, славни личности од бугарската историја. Поклон пред паметта на Герасим Тодоров и сите славни бугарски мажи од „Шести пирински одред“!

Претходна статија

(Видео)Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија

Следна статија

Идната владејачка коалиција во Бугарија: Ја зачувуваме позицијата во однос на РС Македонија

Најново од Истакнато