(Видео)Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
Ако бугарските политичари не можат да ја заштитат бугарската позиција во однос на македонското прашање, тоа значи дека тие немаат капацитет за таа работа. Ова го изјави Љубчо Нешков, сопственик на информативната агенција БГНЕС во емисијата „Говори сега“ на Бугарската национална телевизија.
Нешков истакна дека бугарските политичари треба да ја објаснуваат бугарската позиција не пред бугарските новинари, туку пред нивните колеги од Европа.
Во однос на говорот на омраза кон Бугарија од страна на РС Македонија, Нешков нагласи дека истиот не се појавил по ветото туку е нормална појава во земјата.
Нешков повлече дека македонизмот не е иделошки туку геополитички проект, кој е насочен против Бугарија. Тој исто така изјави дека Бугарија не ставила вето за преговорите на РС Македонија со ЕУ, туку не ја одобрува преговарачката рамка. Тој нагласи дека нема како да се водат преговори и да се постигне некаков компромис, ако се земе во предвид фактот дека РС Македонија веќе долго време нема амбасадор во Бугарија.
Во однос на бизнис контактите меѓу двете земји Нешков изјави дека бугарските бизнисмени треба да имаат услови за да прават бизнис во РС Македонија и секако да бидат пуштени да го работат тоа.
Што уште кажа сопственикот на информативната агенција БГНЕС погледнете во видеото што следи:
