МНОЗИНСТВОТО ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СМЕТА ДЕКА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 17 ЧАСОТ ЌЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19
За утре е закажан состанок на Советот за безбедност во Вила Водно. На покана на претседателот Стево Пендаровски, на седницата, ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, јавува Телма.
Советот за безбедност ќе разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 во земјава. Седницата на совет за безбедност ја најави и премиерот Заев, кој кажа дека се прават анализи за следните чекори во справување со КОВИД-19, а се размислува и за рестрикции.
Мнозинството во комисијата за заразни боилести е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18 ќе има подобри резултати.
