АЈВАРОТ И „СТЕЧАЈОТ“ НА ДПМНЕ
Жално е што Граѓанско Демократската Унија-ГДУ остана ЕДИНСТВЕНАТА опозициска партија со јасни евро-атлански ставови. ГДУ ќе продолжи по суштина да ги критикува политиките на владата, кои декларативно во себе ги носат европските вредности но во пракса се по балкански тертип со познатите „тендер“ коалиции, иновациски фондови и „головите со глава и пета“. Жално е што останатите опозициски партии се заразија од путинизмот и евро- азиските болести, кои ги манифестираа преку ајвароманијата која го направи „Мамас” особено популарен во САД и ЕУ. Создадоа услови производителот на МАМАС да се позиционира како единствениот политичар во Македонија на кој Западот можат да му веруваат. Му ја качија цената поради популарноста на ајварот и му овозможија да владее уште доста време. За жал, останатите од опозицијата одработија за тоа Зоран Заев уште доста време да биде премиер на Р. Македонија. Колегите во Белата палата кои декларативно се пишуваат опозиционери можеби треба да ја преосмислат својата тактика или да се објават во „стечај” за да престанат да пречат во создавањето на сериозна критична маса во земјава.
Facebook статус на Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија-ГДУ
