| |

МИЦКОСКИ ПРЕД КОВАЧЕВ: САМОИЛ Е БУГАРСКИ ЦАР

Сè тече сè се менува. Ете ДПМНЕ доживува катарза. Се случи чудо, после 2 години активна и отровна антибугарска и антиевропска реторика, ДПМНЕ ја менува плочата. После милионите напади за бугарофилство, предавство и ред други епитети се поставува прашањето: Што се случува со г-нот Мицкоски и ДПМНЕ?

Еве што напиша вчера на својот facebook профил заменик претседателот на Европската Народна Партија, европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев.

„Денеска се сретнав со претседателот на опоционата партија во македонскиот парламент ВМРО-ДПМНЕ, г-н Христијан Мицкоски. Разговаравме на теми од заеднички интерес. Со задоволство забележавме дека во последно време е прекината практиката за објавување на антибугарски материјали во опозиционите медиуми. Добив уверување дека партијата веќе гледа позитивно на договорот за пријателство и добрососедство меѓу Софија и Скопје. Г-н Мицкоски изјави дека неговата партија ќе ги прифати сите заклучоци на заедничката академска комисија, создадена во согласност со договорот. Очекувам комисијата во блиска иднина да објави став за Цар Самоил и Глигор Прличев. Прифаќањето на фактите од нашата заедничка историја и од темелно значење за добрососедството. Се надевам дека во блиска иднина претседателите на нашите партии да можат заеднички да оддадат почит на нашите заеднички бугарски претци, како Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров и десетици други. И посакувам успех на Македонија како земја членка на НАТО и ЕУ“.

Според напишаното од Ковачев излегува дека дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се согласи со историскиот факт дека цар Самоил е бугарски цар.



Слични Објави