ОТВОРЕНА Е ПРЕДИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ „ФРИЗЕРНИЦА“

Финансиската полиција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворила предистрага за Националната агенција за европски образовни програми во врска со случајот „Фризерница“, објави „АлсатМ“.

„Детали не се откриваат поради тајноста на предистрагата. Од наша страна се преземаат мерки и активности согласно Законот за кривична постапка“, велат од Управата за финансиска полиција.

Европската комисија исто така проверува дали има злоупотреби со европски пари во Агенцијата со која директорува Лидија Димова. Од Брисел велат дека секое нерегуларно трошење ќе треба да се врати назад во европската каса. Случајот ќе го проверува и ОЛАВ, европско тело за борба против измами.