| |

ПАЛМЕР ИМ УДРИ КОРПА НА МИЦКОСКИ И ИВАНОВ

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер рече дека не се видел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи според него немало потреба за тоа. Тој изјави исто така дека нема да се сретне ниту со претседателот Иванов. Палмер ја определи како историска одлуката од петокот на Парламентот и почеток на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој ја поздрави одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ и им честираше на оние осуммина од опозицијата на храброста да се одважат да гласаат за интересите на земјата, а не на партијата.



Слични Објави