| |

АПАТУРАЈ: НА СИТЕ ЌЕ ИМ СТАНЕ ЈАСНО ДЕКА МАКЕДОНИЈА НАСКОРО ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД НАТО

Зачленувањето на Македонија во НАТО не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека очекува земјава да стане полноправна членка на Алијансата на „почетокот на пролетта“.

Апатурај наведува дека на Самитот на НАТО што ќе се одржи на почетокот на декември во Лондон, „на сите ќе им биде јасно дека Македонија наскоро ќе и се придружи“ на Алијансата.

Слични Објави