Бугарското МНР со позиција за уништените бугарски воени гробишта кај кавадаречко

//

„За Бугарија од големо значење е прашањето за зачувувањето на бугарското културно наследство и на бугарските воени гробишта на територијата на РС Македонија. Нашата држава од години спроведува политика за пронаоѓање и возобновување на бугарските воени гробишта и споменици во РС Македонија. Во основа тие се наоѓаат во многу тешка состојба заради спроведуваната во минатото политика на дебугаризација на територијата на РСМ“, стои во позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи, по повод информациите за уништувањето на две бугарски воени гробишта кај село Дреново, кавадаречко.

„Информацијата за уништувањето на две бугарски воени гробишта на територијата на РС Македонија, што ја добивме од фондација „Македонија“ ја прифативме многу сериозно и ќе работиме активно за разјаснување на фактите и ќе преземеме соодветни активности.
Почитта кон споменот на загинатите е општо човечко прашање и приодот кон истото е знак за степенот на прифаќање на европските вредности“, стои во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.



Претходна статија

Непрооден патот преку Галичица

Следна статија

Ајде да зборуваме за современи теми-историјата е демоде

Најново од Вести