ПРИТВОРЕН ТУРЧИН НА БОГОРОДИЦА, ФАЛСИФИКУВАЛ ЗЕЛЕНИ КАРТИ

Вести Истакнато Македонија

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против О.Х.(58) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Полицијата информира дека на 06.01.2019 година во 9,30 часот на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно возило „Ивеко“, управувано од пријавениот, а кое вршело транспорт на товарно моторно возило – дампер „Волво“, полициски службеници констатирале дека меѓународните зелени карти за двете товарни возила биле фалсификувани, додека кај товарното возило „Волво“ било констатирано дека бројот на шасијата oтстапува од оргиналниот број.

Судијa на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.