| |

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов во посета на Штип

Бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов беше во посета на Штип каде со градоначалникот, Иван Јорданов разговарале за проектот кој го реализира бугарската амбасада во градинката „Астибо“, но и за кампањата „Стоп на насилството“, кој го реализира сопругата на амбасадорот, Билјана Ангелова.

Централната манифестација е на 12 декември во Скопје, но сите градови и општини во Република Македонија се поканети да учествуваат, тука е и градоначалникот на Општина Штип, кој ќе се вклучи во таа манифестација, иницијатива, а е под медиумско покровителство на агенциите МИА и БТА – изјави Ангелов.

Тој појасни дека во градинката „Астибо“ ќе го изградат детскиот плоштад со урбана опрема за децата, а целиот проект чини 35.000 евра.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека со амбасадорот Ангелов разговарале и за нови проекти, кои би можеле да се реализираат преку фондовите на ЕУ, односно преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу двете земји, еден од презентираните проекти е и реставрација на старите автентични куќи во населбите Ново Село, Стар Конак и Исар.



Слични Објави