ЗАЕВ: СЕ БАРА РЕШЕНИЕ СО БЕСА

Вести Истакнато Македонија

Во врска со барањата на партијата БЕСА, на Билал Касами, што се услов за нивна поддршка на уставните измени, премиерот Заев рече дека се бара техничка формулација околу државјанството, што е спорно за БЕСА, односно се разгледуваат можностите да се задржи идентитетот во државјанството за Македонците, но да не се почувствуваат Албанците, Турците Србите и другите обесправени.

„БЕСА е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е „Македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството „македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци“, рече Заев, додавајќи дека треба да се стави јасна граница меѓу државјанството и етничката припадност.

Заев рече дека вкупната бројка на пратеници кои ќе гласаат ќе се знае на самиот ден на гласањето, а ако немало 80 пратеници, ќе се свикал состанок на Централниот одбор на СДСМ каде што ќе се бара одговорноста.

Извор: AlsatM