ОД МАЛТА И ЗАГРЕБ СО ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ВО ЗЕМЈАВА

Со чартер летови ќе се враќаат во земјава 148 македонски граѓани од Малта и 226 од Загреб, соопшти денеска Владата. Листата за број на граѓани ја доставило МНР по претходен контакт со граѓаните кои побарале помош. Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до петок, 27 март, до 12:00 часот.

Од владата информираат и дека лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата во рок од 15 дена.Тие ќе мора да пополнат и Изјава дека се согласни по пристигнување Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата кои со хуманитарните чартер летовите ќе се вратат во земјава ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз, и префрлени до местата определени за државен карантин.