ВО ВЕЛЕС Е ОТВОРЕНА НАРОДНА КУЈНА

„Денеска, на наша огромна радост, по иницијативата на Трајче Мешков, и здружението „Нула гладни во Велес“ се отвори народната кујна, која (за почеток) ќе обезбедува триесет оброци за социјално-загрозени луѓе и деца, секој ден од неделата. Проектот, предвиден да се обновува на секои шест месеци, веќе е покриен со донации за овие триесет оброци за првите шест месеци. Сѐ што од денеска натаму доаѓа кон ова нешто ќе служи да се зголеми бројот на приматели и/или да се продолжи времетраењето на ова прекрасно дело.

Благодарен сум на Бога, и на сите вас, што преку вашата дарежливост Евангелска Црква во Велес успеа да обезбеди повеќе од половина од износот и количината храна за тие 5.400 оброци, односно нешто над 190.000 денари. Навистина, нека Господ ве благослови и преблагослови сите вас!

И, повторно, ако некој од вас сака да донира средства, храна, било што, нека не се двоуми да ме контактира мене, или тоа секогаш може да го направите директно во гостилница „Боем“, кај кујната, или на сметката на здружението „Нула гладни во Велес“ (210074329250187, НЛБ банка).

Слава на Бога за сѐ!“, напиша на социјалната мрежа facebook пастор Филип Иванов од Велес.