Одбележуваме 131 година од раѓањето на големиот бугарски ликовен уметник и карикатурист Рајко Алексиев
Одбележуваме 131 година од раѓањето на големиот бугарски ликовен уметник, карикатурист, фељтонист и поранешен претседател на Сојузот на бугарските ликовни уметници Рајко Алексиев.
Рајко Алексиев е роден на 7-ми март 1893 година во Пазарџик во семејството на македонскиот Бугарин од Солун Никола Алексиев и Стојанка Белопитова од Панаѓуриште. Бил познат под псевдонимот Фра Дјаволо.
Студира книжевност на Софискиот универзитет и живопис на Ликовната академија во Софија. Во 1932 година го издава неделниот весник ,,Штурец”. Тој сам ги пишувал статиите, фељтоните и ги цртал карикатурите во весникот. ,, Штурец” е најтиражниот весник од таков тип. Неговиот последен број излегува на 8-ми септември 1944 година.
Рајко Алексиев бил и соработник на печатените изданија ,, Македонија ” , ,,Барабан”, ,,Смеа”, ,,Људокос”, ,,Б’лгаран”, ,,Маска” и ,,Зора”.
Заради карикатура која го разоткрива советскиот диктатор Јосиф Сталин како масовен убиец, Рајко Алексиев е убиен од бугарските комунисти по 9-ти септември 1944 година. Тоа се случува и покрај фактот што Алексиев како претседател на Сојузот на бугарските ликовни уметници успева да им помогне на неговите колеги да ја напуштат Софија за време на бомбардирањата, а исто така да им помогне на оние кои останале без кров над главата. И покрај фактот што бил предупредуван дека комунистите ќе го уапсат, Алексиев велел дека не бил политичар , на никому не погрешил, на секој му давал кога ќе му побарал нешто, и дека не бил стаорец за да го напушта бродот што тоне.
Рајко Алексиев е уапсен од комунистичкиот масовен убиец Лев Главинчев како непријател на народот заради неговите карикатури на Сталин и е претепан до смрт на 18-ти ноември 1944 година во Софија.

Рајко Алексиев има три деца со неговата сопруга Весела Грнчарова- Радослав, Веселин и Александар. Најмалиот син Алекс Алексиев живеел во САД и бил советник на неколку американски претседатели. Се враќа во Бугарија по 1989 година и му бил советник на бугарскиот премиер Филип Димитров. Алекс Алексиев нѐ напушти на 28 јули 2019 година.
Во чест на неговиот татко Рајко Алексиев Сојузот на бугарските ликовни уметници ја отвора галеријата ,,Рајко Алексиев “.
Од 2002 година Општина Пазарџик организира Национална книжевна награда за хумор и сатира посветена на големиот Рајко Алексиев. Големиот бугарски ликовен уметник и општественик е рехабилитиран во Бугарија по 1989 година.

