| |

„Ноќта на театрите“ во Бугарија ќе се одржи на 21 ноември под мотото „Кралеви и шутови“

На 21 ноември во неколку бугарски градови ќе се одржи 14-то издание на „Ноќта на театрите“, кое ќе обедини театарски претстави, средби, изложби, перформанси и други културни настани, јавува Актуално.

Годинешното издание е под мотото „Кралеви и шутови“, инспирирано од светот на Шекспир и од театарот како простор во кој се преиспитуваат власта, човечките слабости и апсурдот.

„Понекогаш шутот е оној што ја кажува вистината, а кралот – оној што треба да ја слушне“, посочуваат организаторите.

Амбасадори на иницијативата се режисерката Диана Добрева, драматургот Александар Секулов, актерите Јулијан Вергов, Дарин Ангелов, Теодора Духовникова, Весела Бабинова и други познати бугарски уметници, како и примабалерината Марта Петкова и премиер-солистот Никола Хаџитанев.

Во изминатите 13 изданија, повеќе од 750.000 гледачи биле дел од „Ноќта на театрите“ во Бугарија. Иницијативата е дел од Календарот на културни настани на Општина Софија за 2026 година и е дел од пошироката Европска ноќ на театрите.

Слични Објави