|

„Помогнете ми – моето бебе“: Мајка избезумено викала помош кога четири кучиња ја искасале ќерка ѝ

Четиригодишно девојче е тешко повредено кога го каснале четири кучиња додека си играло со пријател во соседната градина во близина на теренот за тренинг на фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“.

„Девојчето беше облеано во крв, со рани по целото лице“, изјавиле соседите за „Дејли мејл“.

Сопственикот на кучињата чувал 14 кучиња во куќата.

Мајката на девојчето била сведок на настанот и, како што велат соседите, извикувала „Помогнете ми – моето бебе“ додека се обидувала да ѝ помогне на својата ќерка.

Соседите велат дека кај него често доаѓала полиција и според нив прашање на време било кога кучињата ќе нападнат некого. Полицијата уапсила три лица осомничени, инволвирани во овој случај, и запленила четири кучиња. Како што е наведено, во последните пет години бројот на напади на кучиња во Англија и Велс е во пораст.



Слични Објави