Еурека! Успешни Бугари: Марин Христов
Марин Христов е ученик во 3 година во средното математичко училиште „Паисиј Хилендарски“ во Софија и е дел од бугарскиот олимписки тим по математика. Добитник е на бројни медали од различни меѓународни натпревари. Овие негови успеси се причината, годинава токму тој да добие стипендија од фондацијата „Еурека“.
„За мене ова е огромно признание за напорната работа и за сите решени задачи во текот на годината. Поради математиката научив многу за светот, можев да патувам многу низ светот и да научам многу за различните култури. За себе сфатив дека сум многу вреден кога сакам да постигнам нешто и не се откажувам“, вели Марин Христов.
Овие зборови ги потврдува и еден од неговите омилени професори Иван Симеонов.
„Математиката е убава работа, вели тој, која е на граница на науката, уметноста, филозофијата, мистиката… Па, Марин ја откри оваа убавина. Тој не се уморува од вложените напори, туку упорно ја открива убавината на математиката и тоа го прави среќен“, вели Симеонов.
