| |

ГДУ-ШТИП: ОПШТИНАТА КОНЕЧНО НАЈДЕ ЕВРОПСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

„Браво г. Бочварски!
Лани во ноември, претседателот на ГДУ, Петар Колев, се обрати до локалната самоуправа и градоначалникот Бочварски, со идеја како да се реши проблемот со опасните пешачки премини и многуте инциденти на истите во нашиот град. Им предложи докажано европско решение кое е имплементирано и во неколку наши градови.

Ова заслужува поздравување, после 8 месеци напорна работа во Штип го имаме првиот таков пешачки премин кај училиштето „Тошо Арсов“. Ако со ова темпо се работи до крајот на мандатот на градоначалникот, ќе имаме уште минимум 3 вакви „капитални објекти“.

Од овој момент ние од ГДУ, ќе бидеме многу внимателни со давањето на идејни решенија за проблемите во нашиот град, бидејќи со ова „брзо“ темпо на работа нема да имате време да ги реализирате, останаа само уште 2 години од мандатот.

Истовремено сакаме искрено да прашаме, зошто се градеше кружен тек кај ЕМУЦ, средното училиште „Коле Нехтенин“, кој чини неверојатни 9. 000 000 денари, кога ова можеше да биде решено на истиот начин?

И да не заборавиме да потсетиме, но истовремено и да прашаме, дали го склучивте и анексот кон договорот за кружниот тек и кога мислите да ја информирате штипската јавност за истиот?“, се вели во соопштението на локалниот клуб на ГДУ-Штип.

Слични Објави