|

ЗАЕВ: БУГАРИЈА НЕ БАРА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ

Постои надеж дека ќе се надминат проблемите за историјата со нашиот сосед Бугарија, затоа што тие се пријателски народ.

Ова го истакна денеска премиерот Заев на прашањето за идентитетот и македонскиот јазик за кое има големи дебати со бугарските историчари.

„Бугарија не бара промена на македонскиот Устав. Идентитетот е чувство, право на определба и е голема европска вредност. Очекувам бугарскиот народ да има потврдување на постоењето на македонскиот јазик и народ. Не треба тоа да биде доведено во прашање. Верувам дека ќе се изнајдат решенија“, вели Заев



Слични Објави